Ручек на брзина: Направете рижото со шампињони!

Кремав вкус што освојува

Ако сè уште не сте пробале рижото на овој начин, сега е вистинското време, а веруваме дека ќе ве воодушеви неговиот богат вкус

Шампињоните се достапни во текот на цела година,  оризот е идеален производ кога се работи за оброк на брзина, а нивната комбинација во вид на рижото е еден од омилените оброци на многумина.

Потребни состојки:
  • 2 парчиња праз
  • 250 грама свежи шампињони
  • 250 грама ориз
  • 1 чешне лук
  • 1 мало чили пиперче
  • 150 милилитри бело суво вино
  • 1 литар вода
  • Маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • прстофат мајчина душица (сушена или свежа)
  • 30-40 грама рендан кашкавал (пармезан-
  • 50 грама путер

Приготвување:
  • Исчистете го празот и исечкајте го на крукчиња (и зелениот и белиот дел) и измијте го под млаз вода, па добро исцедете го.
  • Исчистете ги шампињоните, па исечкајте ги на резанки.
  • Загрејте поширок сад или подлабоко тавче, додајте маслиново масло во кое ќе ароматизирате едно чешне лук и едно мало чили пиперче околу 2 минути. Пресечете го лукот на половина за да пушти повеќе арома.
  • Во садот додајте го празот и динстајте 4-5 минути, потоа додајте прстофат мајчина душица и исечканите шампињони кои ќе ги динстате дополнителни 5-7 минути, односно додека не испари сета течност.
  • Потоа, во садот додајте го и оризот и кратко тостирајте го (иако другите состојки се внатре, на дното на садот би требало да нема течност за да може оризот добро да се тостира на добро загреаното дно). Притоа, постојано мешајте.
  • Додајте вино и кога алкохолот од виното ќе испари, додајте и вода.
  • Посолете.
  • Во посебен сад загревајте вода.
  • Оставете ја водата да врие и со неа полевајте го рижотото додека не ја потрошите сета течност или додека не се свари оризот (од моментот на додавање на оризот, потребни се околу 16-18 минути, во зависност од типот ориз).
  • Немојте да го преварите оризот.
  • 2 минути пред крајот на готвењето, додајте бибер, промешајте, исклучете ја ринглата и додајте путер исечкан на коцки, па добро измешајте.
  • Оставете го рижотото да стои поклопено неколку минути и потоа уште еднаш измешајте го и веднаш послужете го.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.