Рецепт на денот: Fegato ala veneciana

Телешки џигер на венецијански начин

Телешки џигер на венецијански начин спаѓа меѓу ептен типичните рецепти на гастрономската традиција на овој италијански град. Помеѓу различните типични јадења, ова е секако едно од најпознатите ширум светот по својот непогрешлив и посебен вкус, кој го комбинира силниот вкус на црниот дроб со аромата на кромидот.

Состојки:

500 г телешки црн дроб
3 лажици екстрадевствено маслиново масло
2 лажици брашно
3 главици кромид
сок од половина лимон
1 лажица магдонос
сол и бибер по вкус

Приготвување:

Валајте го парчето џигер во брашно, а потоа кратко пропржете го на екстрадевственото маслиново масло. Додајте го кромидот, а кога ќе омекне, посолете, наросете со бибер и посипете со лимон и магдонос. Послужете со варени тестенини.

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.