Само прелејте банани со обично чоколадно тесто: Успеавме да најдеме совршен рецепт!

Колач што воодушевува

Брза подготовка, совршен вкус, мекост и комбинација на вкусови во која ќе се вљубите на прво залче

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 300 г шеќер
  • 50 г какао во прав
  • 1/3 лажичка сол
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 4 јајца
  • 300 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 60 г путер
  • 4 банани
  • 1 лажица оцет
  • кокос за декорација

За преливот:

  • 70 мл млеко
  • 70 г шеќер
  • 20 какао во прав
  • 40 г путер
Приготвување:

Сувите состојки (брашно, шеќер, какао, сол, ванилин шеќер и сода) измешајте ги во чинија, додајте јајца млеко, масло и путер, па убаво измешајте го сето тоа со лажица. Потоа, изматете малку со миксер за да се соедини убаво во еднолична смеса.

Отсечете им ги врвовите на бананите, па исечкајте ги на парчиња со должина од околу 3 сантиметри и наредете ги исправено во тркалезен плех подмачкан со путер. Во изматената смеса додајте лажица оцет, измешајте со лажица, па прелејте ги бананите.

Израмнете со лажица за да распоредите се’ убаво, па печете на 180 степени, 60-75 минути. Проверете со чепкалка дали е испечено. Пожелно е да користите тркалезен плех со пречник од 23 сантиметри. Извадете од рерна.

На ред е преливот! Измешајте млеко, шеќер и какао во тенџере за да се соединат убаво, па ставете ги на рингла. Кога ќе се загреат малку, додајте путер и мешајте со лажица додека се растопи и додека смесата стане потполно еднолична. Прелејте ја врз печениот колач и убаво распоредете ја насекаде. Озгора по желба сипете кокосови трошки.

ФОТО: Printscreen/ Youtube

Доколку постите, ви предлагаме да го пробате овој посен колач со овошје по избор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.