Посен колач со овошје по избор: Неодоливи слатки коцки

Мора да ги пробате

Крцкава коричка и неодоливо мека внатрешност

Состојки:
  • 2 чаши брашно
  • 2 чаши гриз
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 900 г малини или овошје по избор

Мерката е чаша од 200 мл.

Приготвување:

Во овошјето додајте половина од мерката за шеќер (1 чаша) па измешајте и испасирајте го малку. Оставете го да отстои и да пушти сок. Може да користите и замрзнато и свежо овошје, само замрзнатото оставете го да пушти малку (или прелејте го со врела вода), па додајте шеќер.

Во друг сад измешајте брашно, гриз и преостанатиот шеќер. Додајте прашок за печиво и ванилин шеќер, па промешајте за да се соединат состојките. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Поделете ја количината на суви состојки на 3 еднакви дела.

Премачкајте со масло подлабок плех, огноотпорна или керамичка тепсија. На дното истресете еден дел од сувите состојките и протресете ја тепсијата за убаво да се распределат насекаде. Нанесете половина од филот од овошје и развлечете го со лажица.

Потоа, повторно истресете го насекаде по малку другиот дел од сувите состојки, па и него развлечете го со лажица. Одозгора премачкајте повторно со малини, па врз нив нанесете го и третиот дел од сувите состојки.

Измешајте масло и вода, па со нив прелејте се’ и поднаведнете ја тепсијата малку лево-десно за да помине секаде. Малку ќе плива на површина, но не грижете се, ќе се впие за време на печењето.

Ставете го колачот да се пече 40 минути на 170 степени, па зголемете ја температурата на 200 степени и печете уште 20 минути. Ќе видите кога одозгора насекаде ќе биде по малку светлокафеав. Тогаш колачот е готов.

Покријте ја тепсијата со крпа и оставете ја да се олади. Пресечете, наросете со шеќер во прав и послужете.

ФОТО: Printscreen/Youtube

Сигурни сме дека нема да можете да му одолеете ни на овој превкусен колач од лешник!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.