Превкусен десерт готов за 30 минути: Направете топчиња од бадеми

Божествени вкусови

Овие топчиња се печат само 15 минути!

Состојки:
  • 250 г маргарин
  • 150 г ситно сечкани бадеми
  • 4 ванили
  • 100 г шеќер
  • 200 г брашно
  • 100 г шеќер во прав
Приготвување:

1. Пенесто помешајте го маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додајте ги брашното и ситно исечканите бадеми. Потоа месете рачно за да добиете мазно тесто.

2. Од приготвеното тесто со дланките обликувајте помали топчиња.

3. Наредете ги на тепсија обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови , додека поруменат малку.

4. По печењето, валкајте ги топлите топчиња во шеќер во прав.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.