Внимание, турбуленции! Совети како да го надминете стравот од летање

И правец на омилената дестинација! Со авион!

Се наоѓате на 10.000 метри над Земјата и свесни сте дека, доколку нешто тргне на лошо, нема излез. Стравот од летање е една од десетте најчести фобии. Иако ни е познато дека патувањето со авион е еден од најбезбедните начини на превоз, не е лошо да ги имаме предвид овие три техники за „разбивање на стравот“:

1 ПРЕД ЛЕТ

Намалете го стресот со тоа што навреме ќе стигнете на аеродромот за да можете спокојно да го оставите багажот и да ги поминете сите проверки. За комплетна опуштеност: купете ги омилените грицки (здрави), кои ќе ве „утешат“ во авионот.

2 ПОЛЕТУВАЊЕ И СЛЕТУВАЊЕ

Читајте книга додека полетувате или слетувате или слушајте музика за да ги ангажирате мислите и да ги блокирате евентуалните вознемирувачки звуци.

3 ПРИ ТУРБУЛЕНЦИИ

Стравот е поголем доколку патувате сами. Почнете разговор со лицето што седи покрај вас, дури и да не го познавате.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време