Највкусните слатки залачиња: Оваа торта со кикиритки ќе стане вашиот омилен десерт!

Добра храна

Пробајте го овој вкусен десерт

Состојки:

За корите:

  • 9 белки
  • 9 лажици шеќер
  • 3 лажици лебни трошки
  • 1 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 9 лажици мелени кикиритки
  • 1 лажиче прашок за печиво

За филот:

  • 9 жолчки
  • 500 мл млеко
  • 2 пудинга со вкус на лешник
  • 250 г шеќер
  • 250 г млеко во прав
  • 250 г маргарин
  • 200 г исечкани кикиритки

За декорација:

  • 300 мл слатка павлака
  • мелени кикиритки
  • кикиритки

Приготвување:

1. За приготвување на кората, белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Во снегот се додаваат мелените кикиритки, екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, лебните трошки и прашокот за печиво.

2. Плех со димензии 26 х 40 см се обложува со хартија за печење, па се става приготвената смеса за кората. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 10 минути. Оладената кора се сече по должина наполу.

3. За приготвување на филот, во тенџере се става 400 мл млеко, се додава шеќер и се остава да зоврие. Во преостанатото млеко се матат жолчките и пудингот, се додаваат во зовриеното млеко и се продолжува со варење, непрекинато мешајќи додека се згусне. Маргаринот се мати пенесто, па се додава млекото во прав. Се става во оладениот фил. На крајот се додаваат ситно исечканите кикиритки.

4. Едната кора се премачкува со 1/2 од филот и се преклопува со другата кора. Се нанесува преостанатиот фил. Се посипува со мелените кикиритки. Се остава во фрижидер да се зацврсти.

5. Тортата се декорира со шлаг од слатка павлака и со кикиритки.

Извор: Добра храна

Освежителна и слатка: Оваа ананас-торта е вистински рај за непцата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.