Кршите или губите работи по дома, уредите брзо ви се расипуваат: Знаци на предупредување дека се случува нешто во вашиот дом!

Кога ќе завладее негативната енергија...

Дали често кршите чинии или секоја сијалица брз ви пука? Дали работите во вашиот дом исчезнуваат без трага?

Сосема нормално е да се расипуваат работи по дома, па и да исчезнат понекогаш некои работи, но кога тоа станува зачестена појава, можно е да се случува нешто чудно и мистично со енергијата во вашиот дом.

Причините за хаос во вашиот дом може да бидат потполно различни, а најчесто се поврзани со биоенергија, фенг шуи и психологија.

Еве што значи тоа кога работите во вашиот дом се кршат и исчезнуваат и како можете да ја поправите ситуацијата…

Енергетски причини

Во повеќето случаи, хаосот во домот почнува поради насобирање на негативна енергија. Тоа може да се случи зашто во домот живеете силен енергетски вампир или кога домашните често имаат негативни мисли. Можеби домот е преполн со непотребни работи кои постојано собираат негативност. Ако тоа е случајот, проблемот можете да го решите со прочистување на енергијата.

Исчистете ја куќата во целост, ослободете ја од непотребни работи и избришете ја прашината. Сите стари работи што би можеле да користат во иднина, треба да ги дадете во хуманитарни цели.

По генералното чистење, земете свеќа, запалете ја и однесете ја во сите простории, гледајќи во секој агол. Обрнете внимание на пламенот. Ако свеќата пукне или се изгаси, тоа значи дека во домот се насобрала голема негативност, а ритуалот ќе мора да се повтори, можеби и повеќе пати. Кога свеќата ќе почне да гори рамномерно, енергијата во вашиот дом станала апсолутно светла.

Психолошки причини

Мислите се материјални, што значи дека вашата депресивна состојба исто така може да предизвика разни расипувања и загуби во домот. Ако личноста е депресивна  и  ја оптоваруваат тешки мисли, таа не забележува каде ги става своите работи и непрестајно ги губи. Таквите луѓе може да бидат невнимателни и некоординирани, што значи дека постојано нешто допираат и кршат.

Во вакви случаи, потребна е помош од психолог. Доколку сакате да ја спречите ваквата состојба, важно е да ги елиминирате негативните луѓе од вашиот живот и да размислувате за убави работи, да правите нешто што ве исполнува. Позитивниот став и отсуството на конфликти ќе ви овозможат да го обновите вашиот душевен мир, по што ситуацијата во домот ќе биде подобра.

Негативни луѓе

Оштетувањата и загубите во домот може да настанат поради присуството на негативни луѓе. На пример, ако во вашиот дом влезе сосед кој се преправа дека ви е пријател, а всушност ви завидува, се верува дека по неговото заминување некои работи во домот ќе се расипат. Техниката е особено чувствителна на неискреност, па очекувајте некои електрични уреди и компјутери да се расипат.

Народни верувања

Ако во домот имате видливи цевки или забележите дека капе вода од славината, најверојатно ќе имате финансиски проблеми. Рационално трошете ги парите и размислете како би можеле да заштедите. Обидете се да ги насочите парите во вистинскиот правец, да инвестирате во работата или да трошите за добротворни цели. Секако, не заборавајте да ја поправите славината.

Ако постојано губите неопходни ситници (шноли за коса, клучеви, чорапи, капи), најверојатно често се однесувате како егоист и ги ставате во прв план своите желби и потреби. Покрај тоа, мрзливи сте и секогаш ја префрлате вината на други луѓе.

Скршените и напукнатите садови, како и пукнатините на мониторите или огледалата, укажуваат на тоа дека во домот ќе настане сериозен конфликт. Ако постојано ви се расипуваат електрични уреди, на пример сијалици, тоа значи дека луѓе од вашето минато сакаат да ви наштетат.

Честите расипувања во домот укажуваат на лоши односи. Вечно изгубените работи укажуваат на стагнирање. Тоа е знак дека треба да го напуштите старото и непотребното и да го отворите просторот за нешто ново, интересно и привлечно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.