Генијален трик: Еве како најлесно да ги отстраните флеките од дезодоранс на облеката!

Сигурно ги имате овие состојки во кујната

Дезодорансите знаат да остават флеки на гардеробата, но лесно ќе ги отстраните со овие трикови

Ако мислевте дека нема лек за флеките од дезодоранс, се лажете. Со помош на некои средства, тие може потполно да исчезнат.

Дамките што се појавуваат на облеката по употреба на дезодоранси се предизвикани од алуминиумските соли што се содржат во нив.

Еве што дава најдобри резултати во нивното отстранување:

Прашок за печиво

Тој навистина е одличен за отстранување флеки. Прво, потопете ја ткаенината на која се наоѓа дамката, па попрскајте прашок за печиво одозгора и истријте. Потоа, исперете ја на вообичаениот начин.

Сода бикарбона

Дејствува на белите и на ткаенините со посветла боја. Треба исфлеканата гардероба да ја потопите во раствор од вода и сода бикарбона половина час. Потоа, исперете ја на вообичаениот начин.

Средство за чистење протеза за заби

Ова средство се користи исклучиво за бела облека. Растворете две таблети во вода и потопете го парчето облека во растворот. По 15 минути, извадете го и исперете го.

Лимонова киселина

За овој трик ви треба лимонова киселина во прав. Измешајте ја со литар вода и потопете ја гардеробата во неа 24 часа. Потоа, исперете ја со топла вода.

За воопшто да не ни дојде до овие дамки, применете ги следниве неколку совети:

  • Не ставајте премногу дезодоранс
  • Почекајте кожата целосно да го впие пред да ја облечете гардеробата
  • Следен пат кога ќе купувате дезодоранс, обрнете внимание да не содржи алуминиум.
Дезодоранс или антиперспирант: Еве која е разликата и кој е изборот за вас
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.