Ова е свршеницата на синот на Доналд Трамп: Има 53 години и велат дека е иста Меланија!

Дали ви личат?

И двајцата се фокусирани на децата

Најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор (45), познат политичар, активист, бизнисмен и поранешен водител, наскоро (повторно) ќе се венча! Синот на поранешниот претседател и неговата прва сопруга Ивана Трамп се свршил со својата избраничка во тајност.

Сепак, тоа во неговиот живот не е никаков новитет, со оглед на тоа што тој и Кимберли Гилфојл (53) се свршени веќе една година! Свршеничкиот прстен блескал на раката на американската водителка и советничка на Трамп на новогодишната фотографија што ја објавила, а иако многумина дури сега го забележале, тие двајца се свршиле уште минатата Нова година. За да ја зачуваат интимата, чекале една година за да го обелоденат тоа.

„Дон, ти си силен, паметен, храбар, забавен и љубовта на мојот живот. Едвај чекам заедно да го поминеме остатокот од животот. Те сакам“, напишала Кимберли во описот на најновата фотографија со свршеникот на Инстаграм.

Како што се наведува, и двајцата се фокусирани на децата, бидејќи заедно ги имаат вкупно шест, но и на работата, па затоа не зборувале за својата свршувачка.

Кимберли минатиот февруари открила дека се чувствува како веќе да е омажена за Трамп. Интересно е што многумина коментираат дека таа неодоливо потсетува на сопругата на Доналд постариот, Меланија Трамп, а сличноста дефинитивно е видлива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)


Доналд Трамп Јуниор е во врска со Кимберли Гилфојл од 2018 година, кога се развел од сопругата Ванеса, со која добил пет деца. Гилфојл има два брака зад себе, како и еден син.

Го „фатила“ Трамп така што останала бремена: Со неа ја изневерил сопругата, ги заборавил трите деца и ѝ дал богатство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.