Дезодоранс или антиперспирант: Еве која е разликата и кој е изборот за вас

Антиперспирантите содржат соединенија базирани на алуминиум кои ги затнуваат каналите на потта, а дезодорансите ги маскираат непријатните мириси.

Секој има свои причини зошто носи (или не носи) дезодоранс или антиперспирант – без разлика дали станува збор за избегнување на потење, непријатни мириси или предавање на општествените норми. Повеќето луѓе ги купуваат и користат и двата и во суштина не се свесни за разликата помеѓу двата производи.

Дезодорансот ги маскира непријатните мириси, а антиперспирантот спречува потење.

– Главната разлика помеѓу антиперспирантите и дезодорансите се состојките. Антиперспирантите содржат соединенија базирани на алуминиум кои ги затнуваат каналите на потта и ги одржуваат пазувите суви – вели д-р Луси Чен, дерматолог од Риверхосе дерматологија. Во некои случаи, антиперспирантите исто така можат да го намалат типот на бактерии одговорни за мирисот на пот, но ова е повеќе бонус отколку целта на производот.

– Традиционалните дезодоранси, пак, се формулирани за да ја зголемат киселоста на кожата и да ги убијат бактериите на кожата – поточно, бактерии во пот кои се одговорни за остриот непријатен мирис – објаснува дерматологот д-р Чен.

Во некои случаи, само дезодорансот нема да го спречи потењето. Според д -р Чен, двата производи се безбедни за употреба, така што во голема мера зависи од тоа каков ефект сака да постигне поединецот. Ако не сте некој кој многу се поти – или не ви пречи да се потите – дезодорансот е за вас.

Ако сте некој чија пот нема силен мирис, но сакате да избегнете дамки од пот, антиперспирантот е опција за вас. И, се разбира, постојат многу производи кои се комбинација од антиперспиранти и дезодоранси кои го нудат најдоброто од двата производи.

Прочитајте и: 5 начини за подобрување на густината на косата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.