Започна владеењето на Рак: Никако немојте да ги правите овие 3 работи – спречете го хаосот!

Астролозите предупредуваат

Од 21 јуни до 22 јули ќе трае владеењето на Рак. Еве што советуваат астролозите за да ги спречите неуспесите

Владеењето на Рак започна на 21 јуни, на денот на доаѓањето на летото. Претстојниот период ќе биде специфичен по многу работи, исто како и самите Ракови. Еве што советува хороскопот, што би требало да правите, а што не, додека трае владеењето на овој воден знак.

Што треба да правите:
  • Посакајте им добредојде на новите работи! Сезоната на Раковите се поклопува со почетокот на летото, а новото годишно време значи нови можности и шанси. Прифатете ги промените, радувајте им се! Оставете го зад себе сето тоа што ве загрижува, што не ви носи ниту корист ниту задоволство ниту среќа – стари навики, лоши врски, луѓе што ве оптоваруваат… И направете место во вашиот живот за сите нови работи што доаѓаат!
  • Во текот на владеењето на Рак ќе забележите дека вашата интуиција се изострила, дека забележувате знаци што претходно не сте ги забележувале. Тоа е добро! Слободно потпрете се на вашата интуиција, верувајте им на своите инстинкти, без разлика дали ви сугерираат дека нешто е добро или ве предупредуваат на нешто лошо.
  • Со оглед на тоа што Ракот е посветен на семејството и домот, ова е период кога сите би требало повеќе да му се посветиме на уредувањето на својот животен простор и да го збогатиме, за да се чувствуваме уште попријатно. Па така, потрудете се да поминете повеќе време со најмилите.
Што не треба да правите:
  • Во текот на сезоната на Рак, можно е чувствата да ви бидат измешани. Храбро соочете се со нив, особено со негативните. Дозволете им да се појават, немојте да ги потиснувате. Освестете ги, обидете се да ја најдете причината за нив. Само не дозволувајте емоциите да ве контролираат. Внимавајте на тоа како реагирате, како се однесувате кон другите. Контролата е во ваши раце!
  • Кога на 4 јули Марс ќе влезе во Бик, тоа би можело да ја зголеми нашата потреба да се бунтуваме, тврдоглаво да се држиме до своите принципи… Обидете се да правите компромиси и да бидете потолерантни и поотворени за поинакви мислења, решенија… Почитувајте ги туѓите желби.
  • Нептун, планетата на соништата и илузиите тргнува да се движи ретроградно на 28 јуни што значи дека постои зголемен ризик да се изгубиме во своите желби, да полетаме… Не дозволувајте да живеете во илузии, приземјете се што побрзо! Животот е реален, а не она што го замислуваме.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.