ХОРОСКОП: Што треба да знаете за прогресивната и од науката водената водолија

Астролошки толкувања

Припадниците на овој знак се темпераментни и позитивни, пријатни, комуникативни и шармантни.

Флексибилни се и големи оптимисти. Имаат способност да се снајдат во разни ситуации. Ги краси единствен и неповторлив шарм.

Во работата се натпреварувачки настроени, но многу се вредни и сакаат да учат. Умеат да располагаат со пари и умеат добро да инвестираат.

Во емотивните врски се заводливи и фатални – поседуваат огромна доза сексапил. Нивната едноставност е неодолива, па за многумина се остварување на соништата.

Имаат совршен стил, сакаат софистицирана облека.

Понекогаш на партнерот му изгледаат бесчувствително, но тоа е само нивната маска. Партнерот мора да се труди да за да ја освои водолијата.

Уживаат во долги врски, но склони се на неверство. Ако се случи да го изневерат партнерот, причините главно не се од емотивна природа.

Исклучително се талентирани и имаат дарба за секој вид уметност, а најмногу за танц, балет и за глума.

ОВОЈ МЕСЕЦ… Ве очекува одлична понуда. Во љубовта е нестабилно: меѓу партнерите владее недоразбирање. Слободните ќе му се вратат на бившиот партнер. Можни се болки во грбот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.