Ретроградниот Меркур почнува на 14 јануари: Ќе ги погоди овие 3 знака со сета сила – тешко нив!

Бидете внимателни

Ретроградниот Меркур почнува на 14 јануари и ќе трае до 3 февруари

Особено интересно е тоа што до 25 јануари Меркур ќе биде ретрограден во знакот Водолија, а од 25 јануари до 3 февруари во знакот Јарец. Овој период на прво место ќе ви донесе преиспитување за тоа што сакате, а што не сакате во животот.

Како и секогаш, ретроградниот Меркур ќе влијае врз сите хороскопски знаци, но три знака ќе го почувствуваат посилно од останатите.

Дознајте кој ќе биде на удар…

ЈАРЕЦ

Сите тајни, премолчувања и она што сте го криеле ќе излезе на површина и ќе стане тешко да продолжите да живеете во лага. Ќе мора да соберете храброст да се изборите со сопствените тајни и да им признаете сè што треба на блиските луѓе. Можно е да бидете збунети околу тоа во кој правец да продолжите понатаму, но погледнете длабоко во вашето срце и послушајте што ви кажува чувството во стомакот.

СКОРПИЈА

Ретроградниот Меркур ќе ви донесе големи парични проблеми, можеби дури и ќе ви донесе стари долгови за наплата. Ќе се најдете во позиција да морате да направите калкулација и да се откажете од некои желби и проекти.

ОВЕН

За Овните, ова ќе биде бурен период, особено кога станува збор за емоциите и за односите со блиските. Ве очекува големо изненадување или непланиран настан што ќе го промени текот на работите во вашата врска. Потоа ништо повеќе нема да биде исто, можно е тоа да ве натера или засекогаш да прекинете или да ги решите досегашните конфликти и да продолжите понатаму со повеќе разбирање.

Внимавајте: На 14-ти јануари почнува РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР, но тоа не е сè!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.