Петте најсреќни знаци во 2022 година според турскиот хороскоп: Посилни се од проблемите, сè им оди како подмачкано!

Дали сте меѓу нив?

Getty Images

Прочитајте го турскиот хороскоп за 2022 година и дознајте кои се најсреќните знаци!

Оваа година ќе биде помирна од 2021, но нејзината енергија ќе биде многу посветла и попозитивна. Од ова ќе профитираат некои хороскопски знаци, а турските астролози откриле кои од нив ќе имаат најмногу среќа во 2022 година.

Аслан (Лав)

Лавовите оваа година дефинитивно ќе бидат меѓу најсреќните. Ќе пукаат од позитивна енергија која ќе им помогне да остварат речиси сè што ќе посакаат, па дури и да пронајдат љубов. Благодарение на неверојатната харизма, ќе остават добар впечаток на соговорниците, што ќе им помогне на само на поле на љубовта и пријателството, туку и во финансиската сфера. Генерално, оваа година за Лавовите ќе биде година на големи победи.

Башак (Девица)

Девиците инаку се многу внимателни и методични. Нивните главни планети заштитници, Меркур и Сатурн, оваа година ќе се наоѓаат во прилично поволна положба. Во 2022 година ќе ги држат сите конци во свои раце, сè ќе биде под нивна контрола, што им ја подигне самодовербата и ќе ги направи уште поагилни. Освен тоа, наредниве 365 дена ќе успеат да решат големи и важни проблеми, и тоа постепено, еден по еден.

Терази (Терезија)

Оваа година ќе биде многу турбулентна за Терезијата. Уште во првата половина на 2022 година, припадниците на овој знак ќе се најдат во комплетен хаос – сè и сешто ќе се случува околу нив, само ќе се појавуваат можности, а можно е и да испуштат неколку добри шанси. Но не грижете се. И остатокот од годината ќе ви понуди многу шанси за успех, најмногу на полето на финансии. Според турскиот хороскоп, 2022 ќе биде една од највпечатливите години за родените во овој знак.

Акреп (Скорпија)

Одлична година за Скорпиите кои оваа 2022 година ќе можат да ги остварат најважните цели. Ако постои некој стар сон, нешто за коешто долго фантазираат и што долго го посакуваат, оваа година или ќе ја остварат својата замисла или ќе бидат на чекор до исполнувањето на желбите. Сè се случува забрзано. Скорпиите нема да имаат време за двоумење, што ќе се покаже како најдобро за нив. Во 2022 година ќе успеат и од најтешките ситуации да излезат како победници.

Балик (Риби)

Рибите се во неверојатно позитивен бран, за нив нема пречки оваа година. Се имаат наострено да ги остварат сите свои замисли, да ги совладаат сите пречки и нема да дозволат никој да им застане на патот. Во тоа ќе имаат помош од ѕвездите, кои буквално ќе ги штитат на секој чекор и во секоја ситуација. Охрабрени од оваа поддршка, Рибите во 2022 година со леснотија ќе се справат со сите тешкотии.

Ретроградниот Меркур почнува на 14 јануари: Ќе ги погоди овие 3 знака со сета сила – тешко нив!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.