Негативни, хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак

Кои се најлошите карактеристики на секој знак од зодијакот?

Фото: Pexels

Некој има лош темперамент кој тешко може да го контролира, друг е премногу одмаздољубив.

Овен

Склони се кон кавги дури и кога немаат аргументи за расправија. Тие се особено чувствителни на своето его, па понекогаш се оддалечуваат од другите луѓе само за да не им биде повредена суетата. Често пати имаат тенденција да ги оставаат проектите недовршени, доколку им се даде можност за авантура.

Бик

Биковите сакаат да се разгалуваат и знаат да бидат малку мрзливи. Односно кога ќе седат на каучот, многу им е тешко да станат. Знаат да бидат посесивни и склони кон материјални работи и предмети. Исто така, тие можат да бидат претерано љубоморни во некои ситуации.

Близнаци

Припадниците на овој знак се премногу нервозни и имаат проблеми со донесувањето одлуки. Освен тоа, им недостига концентрација и се фокусираат на нешто што треба да го направат, па често губат добри можности во животот.

Рак

Често пати се нерасположени, депресивни, хронично песимисти, премногу емотивни и наметливи. За нив сè во животот е драма и постојано се чувствуваат како жртви. Склони се кон песимизам и хипохондрични за разни болести. Раковите уживаат во тажна средина на некој чуден, и само ним својствен, начин.

Лав

Лавовите имаат огромно его кое се чини дека нема граница. Тие се сметаат себеси за ѕвезди и не им е јасно како другите луѓе го немаат истото мислење за нив. Страсни се и имаат силна потреба за драма, а немаат трпение. Сакаат да привлекуваат внимание каде и да одат и тоа им оди од рака, бидејќи се заводливи и пријатни за гледање и слушање.

Девица

Девиците знаат да бидат немирни, претерано критични и тврдоглави, поради тоа што никогаш не се задоволни. Не е лесно да се живее со нив, бидејќи тие постојано мислат дека нешто може да биде подобро и на тој начин да ги „удават“ членовите на семејството и пријателите. Пред сè останато, ја ценат конструктивната критика и искреноста.

Терезија

Терезиите најдобро се согласуваат со доминантните знаци на Зодијакот. Тие се премногу неодлучни. Може да се каже дека на некој начин се заљубени во себе и знаат да ги преценат своите способности. Склони се да веруваат дека добриот изглед може да ги реши сите проблеми, склони се на манипулации и не се справуваат со сопствените емоции.

Скорпија

Скорпиите знаат да создадат пријатна атмосфера и се многу привлечни, но, од друга страна, знаат да бидат многу сурови и ладни кон другите. Понекогаш се чини дека уживаат во туѓото страдање. Склони се кон љубомора, изливи на гнев, нарцизам, силни амбиции… Секогаш и секаде сакаат да бидат главни.

Стрелец

На Стрелците често пати им недостигаат тактики и дипломатија и ја ценат искреноста, каква и да е таа. Исто така, имаат тенденција да ги преценуваат своите способности и често мислат дека секогаш се во право, иако немаат основа за тоа. Тие се и многу импулсивни.

Јарец

Секогаш ја гледаат чашата како полупразна и умеат да го „исцицаат“ сиот оптимизам кога ќе се појават во собата. Јарците се најмалку склони кон спонтаност од сите хороскопски знаци и затоа животот со нив може да биде многу заморен. Исто така, тие не се премногу емпатични, туку преокупирани со самите себе.

Водолија

Водолијата може да биде непредвидлива, неконзистентна, непопустлива и тврдоглава. Исто така, тие се склони кон одложувања до таа мера што луѓето им велат дека ќе задоцнат и на сопствениот погреб. Но, на Водолијата не ѝ е многу важно што мислат другите за неа. Тие се склони и на манипулации кога навистина нешто сакаат.

Риби

Рибите живеат во облаци до тој степен што знаат поголемиот дел од животот да избегаат од реалноста. Дополнително, тие имаат тенденција да претеруваат или да „направат слон од мува“ и да им помагаат на другите поради некоја себична причина, а не од добрина. Припадниците на овој знак често пати се немирни, премногу чувствителни и склони кон песимизам.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.