На овие карактеристики неговиот хороскопски знак не може да одолее!

Што сака вашиот партнер

Фото: Getty Images

Проверете кој хороскопски знак на која лична карактеристика не може да остане рамнодушен…

Овен

Овенот не може да одолее на самодовербата и на ризикот. Ништо повеќе не го привлекува Овенот од силното чувство на самодоверба и подготвеност да се коцка во животот.

Бик

Бикот не може да им одолее на неговани и интуитивни личности. Тие навистина се топат во присуство на личности кои внимаваат на својот изглед, а кои поседуваат силно чувство на интуиција.

Близнаци

Близнаците се импресионирани од креативни личности. Од оваа или онаа причина на Близнаците никогаш не им е доста од креативни луѓе со слободен дух.

Рак

Ракот не може да им одолее на интелигентните и грижливи личности. Тој цел свој живот трага за партнер со “мозок“ и силно чувство за сочувство.

Лав

Лавот не може да им одолее на таинствените луѓе. Има нешто во мистериозните луѓе, што Лавот го обожува.

Девица

Девицата пак е опседната со луѓе кои имаат отворен ум. Таа едноставно сака да е во друштво со личности кои имаат слободен став.

Терезија

Терезијата едноставно секогаш се залетува по луѓе кои кршат срце или кои веќе имаат скршено срце. Без разлика дали тоа е добро или лошо за нив, Вагите секогаш наоѓаат внимание за по малку “оштетените“ луѓе.

Скорпија

Скорпијата се “пали“ на луѓе кои не може лесно да ги освои. Па затоа често пати чезнее за оние кои се надвор од незините можности.

Стрелец

Стрелецот не може да им одолее на романтичарите. Да старите добри романтичари, оние кои ги ценат добрите манири, цвеќето, вечерата.

Јарец

Јарецот не може да им одолее на луѓето со големо срце и душа. Едноставно го привлекуваат љубезни и великодушни личности.

Водолија

Водолијата не може да им одолее на лидерите. Односно на сите оние кои се подготвени да преземат одговорност за нивниот живот и кои не прифаќаат “не“ за одговор.

Риби

Рибите не можат да им одолеат на спонтани и авантуристички личности. Рибите сакаат да имаат партнер кој е секогаш подготвен за луда авантура.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.