Оваа жена направила куќа од транспортни контејнери: Нема сметки за струја и вода – вистинско уживање! (ВИДЕО)

Неверојатно

Колкумина од вас сонуваат да го напуштат градот и да заминат во дивината за да си ја одморат душата? Оваа жена си го исполнила тој сон

Запознајте ја Роса, жената што си го исполнила сонот. Таа живее во дивина, а 23 хектари околу неа нема жива душа. Сама го направила својот дом од 5 транспортни контејнери, направени така што формираат удобен дом.

Таа се одлучила за контејнери, бидејќи може да се наредат едни врз други и така нејзиниот животен простор може брзо и лесно да се прошири, по потреба. Освен тоа, овие контејнери се издржливи и долготрајни. На Роса ѝ овозможиле неверојатна удобност.

Најдобро од сé е што за овој дом не е потребно струја или вода. Роса користи соларни плочи за производство на струја, собира дождовница, па не ѝ треба градската вода – тоа значи дека нема сметки за струја и вода.

„Ако нешто се случи во светот, јас ќе бидам добро, не зависам од никого“, вели Роса.

Таа има своја градина, простор пред куќата каде што ужива во попладневното сонце и готви на отворен оган.

„Обожавам да готвам, па кујната е прилично голема – изненадувачки за олку мала куќа“, објаснува домаќинката.

Куќата се грее со шпорет на дрва, а Роса понекогаш и готви на него. Што се однесува до изолацијата, Роса ни тука не потфрлила. Направила целосна заштита на куќата од влага, дожд и студ.

 

Како ви се допаѓа нејзината куќа?

Имаат куќа, градина и џакузи, но не може секој да живее вака: Дали би се осмелиле на ваков живот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.