ХОРОСКОП: Вашето здравје во јануари

Кај овните ослабена работа на срцето, лавовите се раздразливи, девиците реагираат премногу бурно…

ОВЕН

Поради многуте прослави, овните немаат време да одат на лекар. А треба! Токму во овој месец ќе ви биде ослабена работата на срцето, а можни се и нагли осцилации на притисокот. Здравиот живот, контрастното туширање и лековитите билки може да ви помогнат да избегнете непријатности.

БИК

Падот на имунитетот кај биковите може да предизвика и хронични компликации и појава на нови заболувања. Би било добро да земете одмор или барем да се откажете од работата што бара многу енергија. На тој начин можете да го зачувате вашето здравје и да бидете подготвени за нови работни задачи.

БЛИЗНАЦИ

Крајот на јануари и првата половина на февруари нема да им донесат нови здравствени проблеми на припадниците на овој знак. Вие сте раздвижени и друштвени. Многумина од вас размислуваат да ја средат фигурата – само напред, но не претерувајте! Дури и ако не се занимавате со спорт, чувајте се од удари и истегнувања.

РАК

Здравствената состојба на раковите во моментов е стабилна. Но форсирањето на некои настани може да ве направи раздразливи, особено во комуникацијата со саканите. Можни се главоболки и спазам на крвните садови. Се препорачуваат урамнотежена исхрана, редовен одмор и умерен физички напор.

ЛАВ

Лавовите лошо ја поднесуваат превртливата зимска природа. Раздразливи сте, постојано ви се менува расположението, а во исто време ви се зголемува и крвниот притисок. Затоа, потребни ви се контрастни бањи и умерени вежби. Корисни се и билни чаеви што го опуштаат нервниот систем (лаванда, камилица, кантарион).

ДЕВИЦА

Девиците реагираат премногу емотивно на сите настани, дури и ако не ги засегаат директно. За да се опуштите, практикувајте масажи, вежби за дишење и ароматерапија. Прифатете го филозофскиот став кон животот по принципот „и ова ќе помине“, кој ќе ви донесе поголема сигурност и верба во себе.

ТЕРЕЗИЈА

Во втората половина на јануари родените во знакот Терезија ќе бидат помалку нервозни. Обидете се да го насочите вишокот енергија во позитивна насока. Корисни се вежби за зајакнување на зглобовите и мускулите. Како што поминува времето, така ќе станувате почувствителни на временските промени. Не заборавајте дека чизмата ја штити главата!

СКОРПИЈА

Во јануари и февруари скорпиите стануваат работохоличари и немаат време да се грижат за своето здравје. Поради тоа ќе го пропуштите најдоброто време за лекување на хроничните болести. Елементарните барања за зачувување на доброто субјективно чувство се почитување на дневниот режим, квалитетна исхрана, одмор и сон.

СТРЕЛЕЦ

Студената зима ги израдува стрелците, па ни дождот не им го расипува расположението. Физичката работа или спортувањето ќе ви помогнат да ги избегнете несаканите последици од сопствената мрзеливост и прејадување. Како превентивна мерка, можете да почнете да користите чаеви за зајакнување на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Кај јарците работата на гастроинтестиналниот тракт е ослабена. Квалитетна домашна храна ќе ви обезбеди добро здравје, што значи и добро расположение. Многу се важни шетање во природа и фискултура, кои ќе исклучат можни проблеми со варењето и исфрлањето на токсините од телото.

ВОДОЛИЈА

Во овој период, водолиите нема да имаат сериозни здравствени проблеми. Сами може да си наштетите со прекумерна желба да се истакнете, со обиди да ја поправите фигурата со големи физички напори, со прекумерна заинтересираност за спротивниот пол… Најдобро е да бидете умерени во сè.

РИБИ

Во првата половина на јануари родените во знакот Риби ќе почувствуваат емотивно незадоволство. При преголема грижа поради неизвесноста, ќе станете значително понервозни. Позитивните емоции ќе ви донесат лично исполнување во некоја друга работа, патување и комуникација со роднините и пријателите.

Текст: Б. Стојменовиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.