Еве која храна треба да ја консумира секој од знаците за добро здравје!

Некои намирници се многу корисни, други пак може да ни направат проблем.

Здравјето е директно поврзано со храната која што ја консумираме. Она што ќе избереме да го ставиме во устата и стомакот може многу да влијае на нашето здравје.

Овен

Овните се одликуваат генерално со добро здравје и силен имунитет. Сепак, најмногу страдаат од проблеми поврзани со акни. Доколку сте родени во знакот на Овен и сакате да пиете алкохол и да јадете зачинета и солена храна, треба да намалите со ова.

Најздрав избор за Овните се маслинки, краставици, спанаќ, грав и банани. Овој тип на храна ќе ви помогне да останете енергични и здрави.

Бик

Биковите имаат силно тело и голем апетит и се помалку чувствителни на болка. Тие се познати по тоа што имаат проблеми со тироидната жлезда и често пати имаат запек. Личностите родени во овој знак треба да бидат внимателни со тешката храна и да го намалат внесувањето на брза храна.

Брусница, блитва, карфиол и рен се намирниците што треба да се најдат на нивното мени. Тие го промовираат здравјето на тироидната жлезда и исто така помагаат во борбата против запекот.

Близнаци

Близнаците се психички послаби, премногу вознемирени и анксиозни. Тие треба да внимаваат на проблемите со нервниот систем и здравјето на белите дробови. За доброто на здравјето треба да консумираат грав, праски, сливи, спанаќ, риба, школки и ориз.

Овошјето како портокали, грејпфрут, суво грозје, јаболка и бадеми ќе бидат добра замена за кафето, а белите дробови повеќе ќе го ценат тоа. Диетата која ги вклучува овие намирници, заедно со квалитетниот одмор, се добар метод за намалување на анксиозноста.

Рак

Ракот е знак што се одликува со слаб имунитет кај младите луѓе, што постепено се зајакнува во зрелоста. Тие главно имаат проблеми со дигестивниот систем, најчесто поради прекумерно внесување на масна храна, сол и рафиниран шеќер.

За Раковите, најдобриот совет е да се насочат кон јадење овошје, зеленчук подготвен на пареа, домати, цвекло, вегански јогурт и природен шеќер.

Лав

Лавовите се одликуваат со одлично здравје и не се разболуваат често. Дури и кога се болни, закрепнувањето е брзо. Тие можат да уживаат во речиси секоја храна, сè додека не претеруваат.

Сметаат дека тешко се вари зачинетата храна и млечните производи, па затоа овие продукти ги внесуваат минимално. Треба да внесат повеќе протеини во исхраната, така што интегралните житарки, оризот, агрумите, јаболката, праските, коренестиот зеленчук, смоквите и оревите се најдобриот избор за нив.

Девица

Личностите родени во овој хороскопски знак може да страдаат од проблеми поврзани со цревата и нервниот систем. Девиците треба да консумираат умерено чоколада и „тешката“ храна, а најважно е да внесуваат храна богата со растителни влакна и омега-3 масни киселини.

Затоа се советува да консумираат авокадо, јајца, риба и свежа морска храна, како и овес, овошни салати, овошни сокови, банани, супи, чаеви и бадеми. Девиците се долговечни и имаат супер здравствена состојба сè додека се грижат за своето тело.

Терезија

Терезиите се подложни на заболување на бубрезите и често пати се соочуваат со промени во расположението. Треба да избегнуваат газирани пијалаци, алкохол и рафиниран шеќер или барем нивниот внес да го сведат на минимум.

Карфиол, боровинки, грозје, лук, маслиново масло, зелка и пиперки ќе помогнат во подобро функционирање на бубрезите, а за полесно варење Терезиите треба да јадат пилешко месо, но без кожа, затоа што на овој начин ќе се олесни варењето на храната во организмот, што пак ќе помогне тие да останат посмирени.

Скорпија

Припадниците на овој знак имаат голема веројатност да се соочат со проблеми со уринарниот систем, односно воспаление на мочниот меур и инфекции. Затоа, им се советува да избегнуваат алкохол и масна храна, додека им требаат повеќе течности, па затоа треба да пијат многу вода.

Аспарагус, краставица, банани, бадеми, кокос, праз, домати и зелена салата се одличен избор за здравје на Скорпијата, додека јадењето цреши, урда, кромид и пашканат може да го подобри нивното расположение.

Стрелец

Стрелецот е знак склон кон дебелеење. Прекумерната тежина може да резултира со повеќе здравствени проблеми, поради што треба да се држат настрана од чоколадо, солени сосови и шеќер.

Стрелецот треба да јаде храна богата со протеини како цвекло, домати, сливи, пилешко и риба. Цели житарки, круши, јаболка, портокали, јагоди и корен зеленчук се исто така добар избор за нив.

Јарец

Јарецот има послаби коски и заби во споредба со другите хороскопски знаци. Треба да избегнува солена храна, чоколадо и мешунки, а треба да консумира храна богата со калциум како млеко, јогурт, сирење, сардини, грав, леќа и смокви.

Во намирниците во кои може неограничено да ужива се вбројуваат ориз, овошни сокови, овошни салати, зелка, пченка, чаеви и супи.

Водолија

Циркулацијата на крвта е важна за здраво тело, а Водолијата е знак кој има најмногу проблеми со неа. Водолијата треба да јаде храна што не врши преголем притисок врз срцето, а масната, солена и слатка храна не се вклопуваат во менито.

Добар избор за Водолијата е јастог, туна, спанаќ, пченка, бадеми, ореви и круши, како и овошни сокови, јаболка, портокали, круши, целер, пченка, моркови, домати и брокула.

Риба

Храната што го поддржува здравјето на крвта, црниот дроб и мозочните функции е одличен избор за Рибите. Треба да избегнуваат алкохол, масна и солена храна, како и кафе.

Храната богата со железо и протеини како жолчки, школки, црн дроб, јачмен, грав, спанаќ, зелена салата, суво грозје, урми и посно говедско месо е многу корисна за одржување на здравјето на Рибите. Овошјата како јаболка, грозје, портокали, сливи и праски, исто така, придонесуваат за нивното добро здравје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.