Дознајте кој хороскопски знак ве „вади од такт“

Едноставно, не се поднесувате!

Ова се хороскопските знаци кои меѓусебно се нервираат:

Овен

Речиси ништо не може да ги запре Овните. Амбициозни се и полни со елан, па секогаш им успева да ја завршат секоја задача. Луѓето што се ни ваму, ни таму, како Близнаците, кои со своето премислување може да ги спречат на патот до целта, ним им се трн во окото.

 

Бик

Сигурни, полни со доверба и мошне често продуховени, Биковите тешко можат да ги разберат напорните и ситничави цепивлакна, како тие родените во знакот на Јарец.

 

Близнаци

Живи, комуникативни и понекогаш каприциозни, Близнаците не можат да најдат заеднички јазик со интровертните и пасивни Риби.

 

Рак

Полни со љубов, сочувствителни и романтични какви што се, Раковите лесно може да се изнервираат поради непредвидливите, екстремни и темпераменти Скорпии.

 

Лав

Самоуверените Лавови копнеат по слава и признанија, па не поднесуваат кога некој ќе им го украде шоуто. Не е ни чудо што поради тоа често не се сложуваат со припадниците на сопствениот хороскопски знак, Лав.

 

Девица

Девиците се секогаш врвно организирани, малку невротични, многу уредни, ама и под постојан стрес. Ако сретнат некого што ќе им укаже на личните слабости – на пример, друга Девица – тоа нема да биде баш забавно.

Терезија

 

На ниту еден друг знак не му значат повеќе мирот и чесноста одошто на Терезиите. Кога ќе направат грешка, веднаш ќе ја признаат и ќе сакаат да ја поправат. Сосема спротивно од Овните. Тоа е една од причините зошто овие знаци не се поднесуваат.

Скорпија

 

Фантазери како што се Водолиите ги излудуваат темпераментните Скорпии, кои имаат изразена потреба цврсто и со обете нозе да стојат на земјата.

Стрелец

Стрелците обожаваат авантура и возбуда, а се грозат од ред и монотонија. Оттука, нив ги иритира премногу уредната Девица, но и хиперсензитивните Ракови.

Јарец

На одговорните и точни Јарци им одат на нерви лабилните и непостојани Терезии.

Водолија

Биковите, кои секогаш амбициозно ги следат сите правила и имаат беспрекорно организиран живот, ноќна мора се за сонувачите родени во знакот на Водолија.

Риби

 

Креативната и емотивна природа на Рибите, никако не ги поднесува гласните и eкстровертни Стрелци, кои секогаш се во потрага по внимание.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.