Дневен хороскоп за ПЕТОК (19 јануари 2024)

Астро-прогноза

Скорпиите ги очекува добивка во игрите на среќа, овните некој многу сака да ги импресионира, вљубените лавови се посесивни, и ќе се уверат дека партнерот… Дознајте каков ден ве очекува!

ОВЕН

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на подобро, особено ако се занимавате со приватен бизнис. Ако ви се допаѓа личноста со која подолго време се дружите, ќе мора да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака да ве импресионира.

БИК

Сакате да направите нешто со кое ќе им покажете на сите дека не зависите од никого. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Распоредот на ѕвездите во овој период ќе ви донесе несогласување со партнерот.

БЛИЗНАЦИ

Можни се вложувања во станбен простор. Многу ве привлекува авантура на работа со една терезија, па дури и ако не сте слободни. Вашата дружељубивост ви е најсилен адут, па ќе дознаете колку сте популарни.

РАК

Марс ви носи проблеми во комуникацијата со семејството. Малку ќе се колебате во врска со некоја нова работа. Не би требало да верувате во се’ што ќе слушнете. Почетокот и крајот на периодов ви се поволни за љубов и за семејство.

 ЛАВ

Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте премногу да се експонирате. Најверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни. Ќе се уверите дека партнерот е заинтересиран за вас колку што сте и вие за него.

ДЕВИЦА

Убедени дека некој од соработниците не ви е лојален. Финансиската ситуација би можела да ви се подобри. Ако сте во долга врска и со партнерот поминувате малку време поради работата, и на двајцата ви е потребна промена.

ТЕРЕЗИЈА

Венера и Меркур ви носат добивка. Можна е некоја тајна зделка што ќе ви овозможи да се изборите за она што го посакувате. Не сакате да се нервирате за нешто што ви создаваше проблеми, а се однесува на организацијата на заедничкиот живот.

СКОРПИЈА

Ве очекува добивка во игри на среќа, но и во работата со странци. Ќе се обидете да му ја наметнете својата волја на партнерот, но добронамерно, па затоа нема да ви се налути. Доколку сте во врска со овен или со близнаци, јасно ви е со кого си имате работа.

СТРЕЛЕЦ

Би било добро да се посветите на некоја работа во медиумите. Можна е љубов со амбициозна личност, која често патува и ќе ви понуди соработка. Слободните ќе се најдат во незгодна ситуација – ќе им се додворуваат две личности што се познаваат.

ЈАРЕЦ

За да се изборите за слобода, подготвени сте да се впуштите во расправии со партнерот или со членовите на неговото, но и на вашето семејство. Тоа особено се однесува на младите јарци, додека оние што се во брак немаат многу време за партнерот.

ВОДОЛИЈА

Не нервирајте се заради работата. Не прифаќајте компромис по секоја цена. Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени. Слободно почнете врска со овен или со терезија. Доколку живеете со родителите, избегнувајте конфликти.

РИБИ

Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Не претерувајте доколку партнерот ви е лутко, а и ако е незадоволен. Многу ве иритираат коментарите од околината врзани за вашиот љубовен живот.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.