Дневен ХОРОСКОП за ЧЕТВРТОК (20 мај 2022)

Астро-прогноза

Терезиите ќе посакаат да ја обноват врската што неодамна ја раскинале, стрелецот ќе ја одржува љубовта преку жица, водолиите чувствуваат незадоволство и страдање поради изневерените очекувања…

Прочитајте каков ден ве очекува!

ОВЕН

РАБОТА: Ќе расчистите многу нешта што досега ги одложувавте. Досега требаше да ги завршите подготовките за некоја нова работа. Ви недостигаат пари, но не грижете се, ќе добиете позајмица. ЉУБОВ: Постои можност да ви се врати бившата љубов. Ако скоро ја прекинавте врската, на видик е смирување. Добро би било да прифатите дел од одговорноста и да продолживте онаму каде што застанавте. ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дишните патишта и со алергиите.

БИК

РАБОТА: Конечно можете да се ослободите од притисокот што го чувствувавте на работното место. Состојбата ви се подобрува, ќе имате повеќе енергија и ентузијазам. Можно е да го смените работното место или да почнете приватен бизнис. ЉУБОВ: Емотивниот живот ви се подобрува. Ќе го преболите оној што ви задал болка. Ќе се заинтересирате за личност што неодамна сте ја запознале. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Исклучително поволен период за работа и за унапредување. Искористете ја среќата што ве следи и докажете се пред претпоставените. Искористете го финансискиот ризик, ќе дојдете до посакуваните пари. ЉУБОВ: Похрабри сте од вообичаеното. Можна е тајна емотивна афера или ќе го обновите контактот со некоја од бившите љубови. ЗДРАВЈЕ: Мошне добро, чувајте се од самоповредување.

РАК

РАБОТА: Ова е важен период за работа, особено за реализирање на плановите што ги правите со своите колеги. Соберете ги документите за отворање нов бизнис или за купување недвижнини. ЉУБОВ: Во љубовта бевте нереални и го идеализиравте партнерот. Тој е вљубен во вас, но ве тестира колку можете да му прогледувате низ прсти и да го толерирате неговото избегнување. Ќе чуете нешто што тој ви премолчил. ЗДРАВЈЕ: Добро, без поголеми промени.

ЛАВ

РАБОТА: Исклучително поволен период за работа. Почнува да се зајакнува вашата позиција во фирмата во која работите. Можно е унапредување или вработување. Ќе запознаете нови луѓе од бизнис-сферата, кои ќе ви бидат од корист. ЉУБОВ: Може да дојде до прекинување на врската, бидејќи партнерот не умее да ве цени. Можна причина е и запознавањето со лицето што ве заинтригира. ЗДРАВЈЕ: Проблемите исчезнуваат.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Вашата позиција постепено слабее, па ќе мора да се потпирате на помошта на колегите. Многумина планираат да отпатуваат надвор од земјата. Ќе ги добиете очекуваните пари, но ќе ги потрошите на небитни работи. ЉУБОВ: Емотивно расцутување е на хоризонтот. Лицето со кое не расчистивте во целост ќе сака да се врати во вашиот живот. Меѓутоа вам во меѓувреме ви се допадна некој друг. Ќе ви биде интересно. ЗДРАВЈЕ: Добро.

ТЕРЕЗИЈА

РАБОТА: Започнува поволен период за работа. Одлучивте да бидете покреативни и да ги покажете своите можности. Премногу се нервирате за дреболии, истрајте, ви престои награда или унапредување. ЉУБОВ: Ова станува најважното поле во вашиот живот. Ви престои нова емотивна врска, доколку сте слободни. Некои ќе посакаат да ја обноват врската што неодамна ја раскинале. ЗДРАВЈЕ: Добро. Постарите да внимаваат на притисокот.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Продолжува поволниот период за работа, но вие тоа не го забележувате. Ве нервираат некои случувања во фирмата или можеби се борите за својот деловен статус, без причина. Доколку добиете понуда за нова работа, задолжително прифатете ја. ЉУБОВ: Успешно и одолеавте на личноста што ве посипуваше со внимание и додворување. Успеавте да ја оддалечите од себе и сега можете да здивнете и да и се посветите на работата што ви е важна. ЗДРАВЈЕ: Замор, забавете го темпото.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Моменталните случувања на работното место ви одговараат. Не морате многу да се напрегате, бидејќи другите работат за вас. Размислувате за службено патување на кое ќе можете да се одморите барем неколку дена. ЉУБОВ: Ова поле ви е приоритетно. Свртени сте кон себе и кон некои хобија и задоволства. Можеби некое време ќе бидете разделени од партнерот и ќе ја одржувате љубовта преку жица. ЗДРАВЈЕ: Поминувајте повеќе време во природа.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Деловната позиција се подобрува и ќе биде се подобра. Ќе работи повеќе од досега. Многумина од вас размислуваат за нова работа за што овој период ви е идеален. Ќе ги добиете потребните пари. ЉУБОВ: Деновиве ќе ви се случи нешто мошне значајно на ова поле. Ќе дојде до средбата за која мечтаете. Внимавајте поради тоа да не го расипете односот со постојаниот партнер. ЗДРАВЈЕ: Можни се помали проблеми со органите за варење.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Одлучивте да се докажете со поголемо ангажирање што претпоставените го забележуваат. Една личност ќе ја зајакне вашата волја и ќе ве поттикне да успеете во своите планови. Не нервирајте се поради кулоарските приказни. ЉУБОВ: Ова поле би можело да ви биде и подобро. Чувствувате незадоволство и страдање поради изневерените очекувања. Всушност, не сте ни свесни во каква заблуда сте. Наскоро нештата ќе се сменат на подобро. ЗДРАВЈЕ: Не го поправајте расположението со антидепресивите.

РИБИ

РАБОТА: Успеавте да го зацврстите угледот кај претпоставените и колегите. Наскоро би требало да го исползувате своето знаење низ работите кои ќе ви донесат брза и лесна заработувачка. Прифатете ги предизвиците. ЉУБОВ: Уживате во вниманието на саканата личност. Нејзиниот однос кон вас се смени кога вие тоа најмалку го очекувавте. Можни се осцилации во врската, бидејќи вие премногу тактизирате и не се однесувате во согласност на она што го чувствувате. ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми поради нискиот крвен притисок.

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.