ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 4 ноември: Ве очекува мал пад на имунитетот

Астро-прогноза

Лавовите имаат проблем со стомакот, на Биковите им пречи чадот од цигари

ОВЕН

Сметате дека постојат многу работни проблеми што на некој начин ќе морате да ги решите сами. Можно е да не сте доволно спонтани во комуникацијата со саканата личност и да делувате некако срамежливо. Здравјето ви е добро.

БИК

Ќе им се посветите на вашите обврски и ќе покажете дека сте посветени и пожртвувани на работа. Покажете му на партнерот дека ви е важно врската да напредува. Ви пречат цигарите.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу искуство и подготвени сте да им помогнете на другите на работа. Односот со партнерот би можел да ви биде нестабилен и променлив во наредниот период. На вашата кожа ѝ треба подобра нега.

РАК

Одлично се снаоѓате на новата работа и во комуникацијата со претпоставените остварувате позитивна атмосфера. Нема знаци на големи промени кај вас. Одбегнувајте конфликти со саканата личност денес. Минлива главоболка.

ЛАВ

Пријатно сте изненадени и задоволни сте од работните околности. Можете да очекувате генерално поволен ден. Ви годи внимание на љубовен план и задоволни сте од односот со партнерот. Можни проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Време е да преземете контрола и да ѝ се посветите на работата. Наскоро ќе можете да остварите некои повисоки позиции. Импулсивно реагирате и склони сте на чести караници со саканата личност. Врската ви запаѓа во криза. Проблеми со грлото.

ТЕРЕЗИЈА

Денешниот ден можно е да не ви биде особено поволен за работа. Внимавајте и немојте многу да ризикувате. Можете да очекувате нови љубовни случувања и поврзување со партнерот. Помалку внесувајте шеќер.

СКОРПИЈА

Не е поволен ден за поголеми работни промени. Можно е и самите да бидете скептични во врска со некои ризици. Ви годи флертот и на љубовен план се чувствувате прилично добро. Можете да очекувате поволен период. Внимавајте на забите.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден. Не би требало да имате поголеми грижи на работа. Ве очекува поволна ситуација за почнување нова врска. Отворени сте кон личноста што ви се допаѓа и таа го цени тоа. Ве очекува мал пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Денес ќе ве следи среќа и можете да остварите поголем деловен напредок. На поле на љубовта ве очекуваат позитивни промени што можат да ви донесат важни пресврти. Одлично се чувствувате и полни сте со енергија.

ВОДОЛИЈА

Можете да очекувате поволен ден за работа. Ќе успеете да решите некои помали проблеми со соработниците. Доколку сте слободни, ве очекува ново познанство со личност родена во знакот на Лав. Чувајте се од можни воспаленија.

РИБИ

Треба да бидете доволно методични, добро организирани и да ѝ се посветите на вашата работа. Можете да очекувате интересно љубовно познанство. Подготвени сте да го смените вашиот емотивен статус. Минлива главоболка.

Млада Месечина на 4 ноември: Нови чувства за раковите, непредвидливи ситуации за водолиите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.