Денес започнува ретрограден Меркур: Нè очекуваат интензивни емоции и наплив на страст, а овие 3 знака ќе поминат низ ПЕКОЛ

Започнува од 23. август

Ретроградниот Меркур ќе руши сè пред себе, но најмногу ќе го почувствуваат 3 хороскопски знаци

Пристигна уште еден период на ретрограден Меркур, а според астролозите, вториот ретрограден период во текот на оваа година ќе биде особено интензивен. Ретроградниот Меркур ќе трае од 23. август до 15. септември, опфаќајќи го знакот Девица, што ќе стави акцент на недовршените задачи и финансиските аспекти.

Ако почувствувате умор и дезориентација во наредните недели, можеби сте под влијание на ретроградниот Меркур. Речиси сите хороскопски знаци ги очекува комуникациска криза, што значи дека комуникацијата и односите со другите ќе бидат отежнати, со можни потешкотии во толкувањето пораки.

Со оглед на тоа што ретроградниот Меркур започнува во Девица, знак поврзан со логиката, анализата, работата, здравјето и способностите, ова може да доведе до сопирање на плановите што се поврзани со овие области.

Иако Меркур технички владее со Девицата, што до некаде ги ублажува негативните ефекти, очекувајте дека ќе бидете принудени да им се вратите на основите и одново да го изградите вашиот свет.

За време на овој ретрограден период, акцентот ќе биде на патувањата, образованието и начинот на којшто ги доживуваме искуствата. Може да се зголеми желбата за знаење и просветлување, што ќе ви даде можност да се оддалечите од надворешниот свет и да го истражите своето внатрешно „јас“, па дури и да откриете нови аспекти на вашата личност.

При самиот крај на ретроградното движење, очекувајте интензивни емоции и страсни реакции. Може да се соочите со некоја тајна што ќе ви го промени животот. Оваа фаза може да открие потиснати информации, да разоткрие лаги и да донесе јасност. Иако овие сознанија може да бидат болни, тие се неопходни за да се соочите со реалноста со отворени очи и да постигнете внатрешен мир.

Астролозите особено предупредуваат на два дена во овој период, кои се подложни на предизвици. Дента пред почетокот на ретроградниот период, Меркур сопира како автомобил што преоѓа во рикверц. Тоа може да предизвика низа неочекувани проблеми и застои, па препорачливо е да одбегнувате правење важни планови и донесување големи одлуки тој ден. Слично на тоа, и денот по завршувањето на ретроградноста може да донесе неочекувани настани, па паметно е да бидете внимателни.

Исто така, важно е да ја имате на ум и „сенката“ на ретроградниот Меркур, што го означува повторувањето на истиот пат што Меркур претходно го поминал. Ова може да донесе дополнителни предизвици и двоумења, па затоа се советува да бидете претпазливи при донесувањето важни одлуки во текот на овој период. Сите активности се изводливи, но важно е добро да ги разгледате деталите и да бидете информирани.

Ретроградниот Меркур најмногу ќе влијае врз Скорпија, Девица и Стрелец. Подобро би им било да преспијат до крај на август.

Сонцето влегува во земјениот знак Девица на 23. август: Најдобро ќе влијае врз овие три знака!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.