„Диор“ лансираше козметика за бебиња, дерматолозите предупредуваат дека може да предизвика проблеми

Модната куќа „Диор“ лансираше линија на козметички производи за бебиња. Понудата вклучува миризлива вода по цена од 255 евра, хидратантно млеко за лице и тело во вредност од 105 евра, како и пени за чистење на лице, тело, коса и чувствителна кожа од 85 евра.

Оваа вест наиде на жестоки критики на интернет, каде беа објавени коментари во кои корисниците ја обвинуваат компанијата за „козметички производи кои не само што се непотребни, туку можеби и штетни“.

Иако сè уште не се пријавени никакви проблеми, мирисите, конзервансите и средствата за пенење можат да бидат штетни за кожата на доенчињата, предупредуваат дерматолози за „Дејли Мејл“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Мирисот во основа може да биде се, а на шишето нема информации од што точно е направено“, вели д-р Ганима Абдула.

„Диор“ тврди дека 99 отсто од состојките, вклучувајќи ги и мирисите, се од природно потекло. Таквите мириси се создаваат од ароматични суровини од природата, кои вклучуваат дрвја, сурово овошје, животински екстракти, билки, лисја и семиња. Дерматолозите, сепак, предупредуваат дека дури и мирисите добиени од природни екстракти може да предизвикаат несакани реакции кај чувствителните деца.

Мирисите не се лоши, но тие се чест извор на осип кај бебињата со проблеми со иритација на кожата како егзема“, вели д-р Микеле Грин.

Коментарите се заклучени.