#Profemina2023 Ова се учесниците во панелот – Се гледаме на менаџерското столче!

Регионална конференција за жени

Редакцијата на „Убавина и здравје“ едногласно се согласи дека и на годинешната Конференција ќе ни требаат силни приказни за успех од жените – бидејќи на секој од нас му треба повеќе деловни совети!

И покрај сите истражувања кои потврдуваат дека жените се одлични лидери, корпоративните одбори и клубови се главно резервирани за машките членови. Дали ова значи дека корпорациите немаат доволно доверба во жените, чие учество во процесот на одлучување носи подобри резултати, поголема креативност и иновативност?

Дали женските лидери во корпорациите сè уште се исклучок и до кој степен формирањето на одбори е водено од социјалните предрасуди? Што повеќе треба да се направи за да се зголеми бројот на жени на раководните позиции во корпорациите?

Доколку сакате да го дознаете одговорот на овие прашања, а и да поставите свои, повелете на панел-дискусијата Се гледаме на менаџерското столче во рамките на Профемина 2023, на 23 ноември, четврток, во хотелот Холидеј ин. Панелот почнува во 11.30 часот., а поддржан е од А1.

Пет силни жени, кои имаат што да кажат бидејќи се избориле за својата позиција во „машкиот“ свет, ќе ги споделат своите охрабрувачки приказни со вас. За тоа како да се справите со предизвиците, да ги надминете пречките и да излезете како победник, притоа не занемарувајќи ги вашите приватни улоги.

Модераторка на панелот е Славица Арсова, уредничка на информативната програма на ТВ Сител.

Панелистки:

Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Бисера Ропи, раководителка на Одделот за маркетинг на приватни комуникации во А1 Македонија.

Љупка Ѓоргиевска, помошник на Управен одбор на НЛБ Банка Скопје и директорка на Сектор за развој на понуда и маркетинг.

Филомена Пљаковска-Аспровска, претседателка на Управниот одбор и главен извршен директор на КаСис АД Скопје.

Д-р Ана Пепељугоска, адвокат-партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски

Дојдете на 23 ноември во хотелот Холидеј ин да размениме добра енергија, знаење, вештини и идеи за некои следни настани! Обезбедете го вашето место  испраќајќи мејл на е-адресата: event@colormedia.com.mk.

Во пресрет на #Profemina 2023: Време е да ве запознаеме малку подобро со темите…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.