Сакате да изгледате 10 години помлада? Можете ако ја изберете вистинската шминка!

Ако вашата цел е да изгледате 10 години помлада, само треба да научите како правилно да се шминкате!

Сите старееме и сè уште не нашле лек за тоа. Но, за среќа, имаме пристап до квалитетна шминка која визуелно подмладува.

Подгответе ја кожата

Пред нанесување шминка, внимателно подгответе ја кожата: исчистете ја, доколку е потребно направете пилинг и темелно хидратизирајте. Не треба да користите мат пудра. Обрнете внимание на текстурата: густата пудра може да влезе во брчките и да ги нагласи. Подобро е целосно да се избегне пудра во секојдневната шминка. А за вечерен изглед користете само пудра во прав. За да ги покриете темните кругови околу очите, користете коректор со состојки за нега. Нанесете го само таму каде што е потребно.

Идеална шминка за очи

За да ги подигнете спуштените агли на очите, користете молив и нежно измешајте го со четка. Изберете нијанси на сива или кафена боја, но не црна. Тие создаваат убава сенка и изгледаат поприродно. Можете исто така да додадете малку сјај на средината на капакот за да ги скриете фините линии. Мало нагласување на внатрешниот агол на окото исто така ќе го направи изгледот посвеж и помладешки. Што се однесува до веѓите, стилизирајте ги со гел за веѓи, а потоа истакнете ги со молив.

Правилна контура на лицето 

Контурирањето е исклучително важно кога станува збор за шминка која има за цел да има ефект на подмладување. Но, бидете внимателни. Прекумерната контура може да напраби да изгледате постаро и истрошено. Главното правило: сите линии при контурирање на лицето треба да се стремат дијагонално нагоре – ова е главната тајна на ефектот на кревање.

Убава насмевка

Младите усни се, пред сè, свежи и полни. Еве зошто треба да избегнувате мат кармини доколку сакате да изгледате помлади. Посебно проблематични се „nude“ нијансите. Масло или сјај за усни се идеални за вас. И не заборавајте на моливот – со возраста, природната контура на усните станува заматена.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.