Посна пита од компири и спанаќ: Феноменална комбинација што ќе ги задоволи и најголемите љубители на домашна храна

Фантастичен рецепт

Наместо спанаќ, можете да користите и млади листови од коприва

Состојки:
  • 4 поголеми компири
  • 200 г спанаќ
  • 1 главица кромид
  • кори за пита
  • сол
  • кисела вода
Приготвување:

1. Сварете го компирот, па при крај додајте спанаќ. Кога сето тоа убаво ќе се свари, процедете го, па испасирајте го.

2. Додајте зачини и свеж, сечкан кромид. Кога смесата ќе биде готова, филувајте ги корите.

3. Секоја кора попрскајте ја со малку кисела вода, па преку неа згужвајте ја втората кора што исто така ќе ја прелиете со кисела вода и фил. Завиткајте ги во ролнички и наредете ги во тепсија.

4. Печете ги на 180 степени околу половина час.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.