Погледнете ја реакцијата на кучката откако ги слушна нејзиното кученце, видеото е преслатко (видео)

Солзи радосници...

Милионски прегледи!

На социјалната мрежа ТикТок неодамна стана вирално видео од мајка на мали кученца. За неколку дена видеото има над шест милиони прегледи.

Корисничката на ТикТок открила дека нејзините родители решиле на своите внуци да им подарат куче, англиски басет пес, по име Боузер. Иако повеќето кученца ретко ги гледаат своите родители откако ќе одат во нов дом, Боузер не е еден од нив. Имено, неговата мајка живее во дворот до неговиот, па често доаѓа на гости.

Во видеото, можеме да ја видиме мајката на Боузер како трча најбрзо што може откако го слушна неговото лаење.

@victoriawalkergas when your parent’s give your kids a puppy, but momma dog hears her baby bark across the yard #bassethound #mommascoming #helpisonthewaydear #puppylove #puppy ♬ original sound – Victoria G

Прекрасното видео воодушеви многу гледачи, кои оставија повеќе од 800 илјади лајкови и над две илјади коментари.

„Толку е убаво што мајка му живее толку блиску до него“, „Никогаш не сум видел куче од оваа раса да трча толку брзо“, „Љубовта на мајката е вечна“, напишаа корисниците на ТикТок под постот.

Фото и видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.