Тесла одбегнувал намирници што ја намалуваат продуктивноста: Не јадел од тркалезни чинии, а оваа храна му била омилена!

Прочитајте!

Никола Тесла несомнено е еден од најголемите научници, а тој верувал дека одредени видови храна ја намалуваат продуктивноста, па затоа никогаш не ги вклучувал во своето мени

Никола Тесла е еден од најголемите научници на сите времиња. Некои од неговите изуми, сè уште не се докрај разберени, а на своите големи проекти работел до крајот на животот, еднакво енергичен и фокусиран.

Никола Тесла многу внимавал што јаде и како вежба, бидејќи сметал дека важно е да остане активен што подолго.

Откриено е дека Никола Тесла најмногу консумирал млеко, млечни преработки и сирења, како и сè друго од растително и животинско потекло. Јадел и јагнешко, но потполно го исфрлил месото од исхраната во 65-тата година, поради проблеми со простата. Тогаш неговата исхрана била вегетаријанска и подразбирала разни комбинации со целер.

Никола Тесла јадел два пати дневно, обожавал мед, понекогаш пиел коњак, виски и малку вино, но со мерка. Постојано говорел дека не треба да се прејадуваме, бидејќи тоа побрзо ќе нè испрати „на оној свет“.

Тесла никогаш не јадел од тркалезни чинии.

Никола Тесла, кога бил мал, не умеел да пишува и црта со десната рака, туку сето тоа го правел со левата рака и многу тешко цртал кругови, па кога учителите го барале тоа од него, буквално ги замразил.

Како дете на православен свештеник, познатиот научник се придржувал и до навиките што ги стекнал во детството.

Покрај сите овие специфичности околу исхраната, Никола Тесла постел целиот живот. Па така, до крајот на животот носел ист конфекциски број.

Вака Никола Тесла го тренирал мозокот: 3 навики што ги обновуваат мозочните клетки и го подобруваат помнењето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.