Поради новата фотка на Том Брејди сите се убедени дека на неговиот брак со Жизел му дојде крајот (ФОТО)

А важеа за совршена двојка

Славниот спортист очекувал жената да го поддржи, но таа го ОТКАЧИ пред сите!

Веќе подолго време се „шушка“ дека на бракот на Том Брејди и Жизел Бундшен му истекува рокот на траење, а најновите случувања дополнително ги подгреаја гласините за разводот.

Ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди, по поразот на неговиот тим, имаше голема поддршка од своите деца Вивиен и Бенџамин, кои ги доби со сопругата Жизел Биндшен. Неговата мајка и сестра ги донесоа тинејџерите за да бидат со татко им, но на стадионот во Тампа немаше ни трага ни глас од познатата манекенка.

Познато е дека славниот пар ги споделува ваквите моменти заедно, па сите се прашуваа зошто славната Бразилка го пропуштила овој настан.

Како што изјавил изворот за „Пипл“, Жизел им е посветена на децата и на личните проекти, а Брејди пред натпреварот изјави дека се надева дека неговата сопруга ќе дојде на стадионот.

Нејзиното отсуство дополнително ги поттикна гласините дека бракот на славната двојка е сериозно разнишан.

Интересно е што реномето на совршен тандем со години ги следи манекенката и спортистот, но потоа се појавија нивните изјави за кризата во бракот, која успешно ја надминаа. И тогаш фановите не се откажаа од заклучокот дека врската помеѓу Брејди и Жизел е идеална. Но, тешко дека постои такво нешто. Проблемот не е во тоа што сликата за совршенство е нарушена, туку затоа што постојат оправдани сомнежи дека нивната врска е разнишана.

Сепак, има надеж, бидејќи некои извори велат дека Жизел ги следи само домашните натпревари на сопругот, па нејзиното доаѓање во семејната ложа се очекува во текот на оваа недела. Ќе видиме…

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.