Тешки и потресни сцени од постелата, Аријана се моли за сопругот… Новите фотографии на Синиша Михајловиќ расплакаа многумина (ФОТО)

На славниот фудбалер и тренер вторпат му се врати болеста, но нема предавање!

Тренерот на Болоња, прекрасен сопруг и татко, Синиша Михајловиќ се’ уште се бори со подмолната болест. Поминаа речиси три години од дијагнозата што го крена светот на фудбалот на нозе, а славниот Миха се’ уште се бори со овој опасен противник.

Неодамна болеста му беше дијагностицирана вторпат, а изминатите неколку недели ги помина во болница. И покрај тоа, Миха успеа по којзнае кој пат да стане од креветот и да продолжи со животот со семејството.

Имавме можност да видиме како изгледа Михајловиќ по враќањето на болеста – потонато и бледо лице, тажни очи, но се чини дека ситуацијата повторно се подобрува.

Новата фотографија од успешниот голгетер ја расплака јавноста, а неговата сопруга Аријана ја сподели со емотивен опис:

Нема да те оставам освен ако не те украдат од мене, знаеш дека сум љубоморна. Мојата карпа – гласи пораката на неопислива љубов упатена до сопругот, кој лавовски ја води најтешката битка во животот.

Ако ги споредиме сликите од пред некое време, тогаш шокантните сцени од креветот на кои Миха беше исклучително слаб и блед сега се минато. Изгледа дека на Михајловиќ му оди одлично, најпрвин благодарение на семејството, сопругата и децата, а потоа и на лекарите, кои цело време ја следат неговата состојба и му помагаат максимално да се справи со тешките терапии.

Синиша сега изгледа многу подобро, браво!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.