Додека во рајот се појавуваат првите проблеми, неговата бивша сопруга заработува милиони

Послатка „одмазда“ одамна немало…

Сакала или не, Џенифер Гарнер е под уште поголемо медиумско внимание откако нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек се ожени со Џенифер Лопез пред неколку месеци, прво во Лас Вегас, а  потоа и во Џорџија.

Овој пат за актерката се пишува поради одличните деловни резултати кои ги постигнува.

Бизнисот многу порасна. Всушност, кога бевме овде минатиот пат, имавме помалку од милион долари годишно, а сега до крајот на оваа година ќе имаме 100 милиони долари, изјави Џенифер Гарнер минатиот четврток на осмиот Фестивал на иновации во Њујорк.

Dženifer Garner nedavno u Njujorku foto: Fernando Ramales / BACKGRID/Backgrid USAНејзината компанија има над 11.000 продавници за малопродажба во Северна Америка и силна платформа за директна комуникација со потрошувачите и за е-трговија, па се очекува дека компанијата ќе го удвои профитот во текот на оваа година, пишува „Дејли мејл“.

Активноста на нејзината компанија е широка – од производство на храна за бебиња до производство на грицки за ученици.

Зборувајќи за бизнисот, Џенифер истакна дека компанијата сака да им помогне на мајките, а како мајка на три деца знае колку е корисно да се има таква помош од страна.

Dženifer i Ben Aflek foto: BG020/Bauergriffin.com / MEGA/The Mega AgencyОд друга страна, бракот на Џеј Ло и Бен Афлек, според некои извори, не е во најдобар ред. Се вели дека проблемите се предизвикани од тоа што двајцата често се разделени, како и неговата борба со алкохолизмот. Дури и ако нивната врска е совршена, успехот на Џенифер Гарнер е неоспорен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.