Петар Грашо стана татко: Се породи Хана Хуљиќ – На ќеркичката ѝ дадоа необично име од четири букви
Честитки
Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ денеска се породи во Сплит и роди девојче, објавија медиумите.
Пејачот Петар Грашо се ожени со својата избраничка Хана во март годинава, а сега нивниот дом стана побогат за еден член.
Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка избрала име за девојчето и дека ќе се вика Алба.
Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните мигови не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно уште повеќе ги дразни медиумите кои бараат сензации. Смешно ни е како всушност станавме медиумска цел, а со прст не мрднавме по ова прашање. Ни најмалку неме оптоваруваат, ниту ме забавуваат сите тие написи и корици со бомбастични наслови и тенка содржина. Најмногу ме насмеа веста дека станавме хрватските ‘Меган и Хари’“, изјави новопечениот татко и додаде:
View this post on Instagram
Секогаш ми било важно да не ги заморувам луѓето со неважни ситници и музиката да е единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична на мене. И покрај ова, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти“ – изјави Петар Грашо за хрватските медиуми.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм