Кој вели дека совршениот летен стил мора да биде скап? Набавете ги КЛУЧНИТЕ ПАРЧИЊА и со малку пари ќе изгледате како МИЛИОН ДОЛАРИ – еве како!
Добриот стил на облекување не бара нужно многу пари, бидејќи секогаш можете да набавите клучни парчиња облека кои можете да ги комбинирате на милион начини и со помош на деталите да го постигнете конкретниот моден тренд.
А добра вест е што има модели кои не излегуваат од мода, и многу се приспособливи и можат да се носат од сезона во сезона, во разни пригоди. Доколку се’ уште ги немате во плакарот, можете да ги купите и по пристапни цени.
Тоа се бел фустан и кошула во иста боја, а како можат да се носат, дознајте во продолжение.
Бел фустан
Белиот фустан можете да го носите преку ден со патики или навечер, со елегантни чевли за поформални пригоди.
Тој е едно од парчињата со кои тешко ќе утнете.
Црн фустан и салонки
Црниот фустан е посилен од сите трендови, односно спаѓа во безвременски парчиња облека. Речиси и да нема пригода во која не треба да се носи. Може да се комбинира со разни видови обувки, а во зависност од тие комбинации може да изгледа како сосема нов модел.
Право сако
Облечете сако и вашето модно издание веднаш станува поелегантно. Можете да го носите со штикли или рамни чевли и да го комбинирате со многу детали.
Бела кошула
Ретко што изгледа толку шик колку светлобелата кошула, модна асоцијација за лето.
Не само што може да се носи на безброј начини, туку може да се користи и како фустан.
Така Ријана го носеше пред неколку години. А токму тоа е доказ за нејзината постојана актуелност во светот на модата.
Тексас-фармерки
Жените обожаваат фармерки, а како да не ги обожаваат кога се во согласност со многубројни модни протоколи. Набавете лесен модел со добар крој и уживајте!
Со елегантна блуза се решение за свечени пригоди. Со едноставна маичка се идеални за градска прошетка. Со бела кошула се вистинската комбинација за работа.
И не заборавајте на деталите – можете да ги следите трендовите со бојата на облеката, накитот, очилата за сонце, чантите…
Фото: Инстаграм