Црвениот килим горел поради Шерон Стоун: Актерката уште еднаш објаснила како треба да изгледа жена во зрелите години!

Дали ви се допаѓа?

Кога некој знае што е добар стил, тоа изгледа вака

На свеченост во Лос Анџелес се појавила и актерката Шерон Стоун и направила вистински метеж.

Штом зачекорила на црвениот килим, сите други дами паднале во втор план. Шерон уште еднаш докажала дека е кралица на стилот и дека и на 64 години може да им парира на двојно помлади девојки.

Таа се појавила во струкирам костим во бебешко розова боја, додека сето тоа го надополнила со чанта и патики од модната куќа „Долче и Габана“. Струкираните женски костими и оваа година се во тренд, а оваа нијанса е полн погодок и особено убаво им стои на русокоси.

Актерката на прашува колку чини кога ќе ѝ се допадне нешто, па така, за модниот додаток издвоила 1.750 евра, додека за обувките потрошила 495 евра.

Сепак, сигурни сме дека возможно е да се ископира овој стајлинг и да се најдат парчиња по поповолни цени.

Јасно е дека добила чиста десетка од модните експерти, но и низа пофалби од нејзините обожаватели на социјалните мрежи.

Каде и да се појави сите гледаат само во неа: Шерон Стоун покажала како треба да изгледа жената со добар стил!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.