Целиот свет зуи за нејзината страсна врска со гондолиер: Мелани не им обрнува внимание на трачевите и ужива со 27 години помлад дечко!
Никој ништо не ѝ може
Некои ќе речат дека се работи за „средовечна криза“, но Мелани не се грижи за туѓото мислење
Британската водителка Мелани Сајкс (51) се пофалила со беспрекорната фигура на социјалните мрежи кога објавила фотографии од Венеција, каде што отишла да ужива со својот дечко гондолиер.
Имено, 51-годишната Мелани, минатата година таму го запознала 23-годишниот возач на гондола Рикардо Симионато, кој за кратко време го освоил нејзиното срце. Сега се вратила во неговиот град откако одлучила да ја заврши телевизиската кариера долга 30 години, но и за заедно да го прослават нејзиниот роденден.
Веднаш штом стигнала се нашла во центарот на вниманието, и тоа во моментот кога позирала на венецијанското Лидо во бело бикини со кое го нагласила бујното деколте и челичните стомачни мускули.
View this post on Instagram
Последен пат кога ја посетила Венеција се нашла на насловните страници на тамошните медиуми, бидејќи ги прекршила строгите правила за патувања, кои биле на сила поради коронавирусот, но ништо не можело да ја спречи да се види со Рикардо. Гулапчињата се запознале во октомври минатата година, кога уживале во романсата и тоа откако му платила 72 фунти за возење со гондола. На инстаграм набрзо споделила нивни заеднички фотографии од езерото Гардо, каде што уживале заедно…
View this post on Instagram
Мелани минатата година ја прекинала врската со комичарот и актер Стив Куганан, а пред него била во врска со 14 години помладиот пејач Оли Мурс. Најдолго била со актерот Даниел Калтаџирони, со кого ги добила синовите Романо и Валентино, а во брак била од 2001 до 2009 година.