Ситно брои до отворањето: Ѕирнете во хотелот на Кристијано Роналдо вреден 13 милиони (ФОТО)
Еден од најлуксузните во Мадрид
Кристијано Роналдо се подготвува за отворањето на својот трет хотел, кое треба да се случи на 7 јуни. Станува збор за еден од најлуксузните хотели во Мадрид, во кој напаѓачот на Јувентус вложи 13 милиони долари.
Конечно, почна одбројувањето до отворањето на хотелот! Забавен начин да уживате во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте сега и бидете меѓу првите што го доживеале ова искуство“, напиша Роналдо на Инстаграм.
Инаку, медиумите потенцираат дека Кристијано вложил 13 милиони евра во хотелот што ќе биде трет во негова сопственост.
Хотелот „Пестана CR7 Гран Виа“ ќе има 168 луксузни соби распоредени на десет ката. На деветтиот кат се наоѓа Спортскиот бар, кој можат да го посетат и оние што не се гости на хотелот.
Ѕирнете во луксузниот хотел на Роналдо:
Фото: Getty Images