Почина принц Филип: Сопругот на кралицата Елизабета Втора почина на 99 години!
Тага во кралското семејство
Војводата од Единбург почина утринава во дворецот Виндзор
Британскиот принц Филип, сопругот на британската кралица Елизабета, почина денес на 99 години.
Знамињата на зградите во Велика Британија се спуштени на половина копје.
View this post on Instagram
„Со длабока тага, нејзиното величество кралицата Елизабета Втора, ја соопшти смртта на својот сакан сопруг, кралското височество, принц Филип. Неговото кралско височество мирно почина утринава во дворецот Виндзор“, пишува во соопштението од кралското семејство.