Ова е најздравата ужина на светот: Го чува срцето, ја регулира работата на цревата и ги топи килограмите!
Вкусно и здраво
Изедете го ова помеѓу оброците и никогаш нема да имате проблем со здравјето и килограмите
Ужината е многу важна, велат нутриционистите. Таа треба да биде добро балансирана и направена од квалитетни намирници за да нѐ засити и да ни ја потисне желбата за благо.
За да не посегнуваме по грицки и нездрави избори, секој од нас треба да има 3 основни оброци и 2 ужини. Доколку една од тие две ужини биде оваа овесна каша со додаток на една посебна состојка, телото ќе ви биде благодарно, а истовремено ќе ги прочистите цревата од токсини, ќе го покренете метаболизмот и ќе го намалите апетитот.
Состојки:
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажиче мелен лен
- 1 лажиче сусам
- 1 лажиче мелени бадеми
- малку суво грозје и брусница
- 1 лажиче мед
Приготвување:
Снегулките прелејте ги со вода и ставете ги на рингла. Варете ги неколку минути додека добиете каша, а потоа додајте ги сите преостанати состојки и прелејте ги со малку бадемово или кокосово млеко.
Еве зошто оваа ужина е толку добра:
Јаткастите плодови ја подобруваат работата на срцето, но и го зголемуваат нивото на серотонин, кој ни помага подобро да се справиме со депресијата и нервозата. Исто така, богати се со влакна, бакар, фолати и ангинин. Ангининот е аминокиселина важна за одржување на имунитетот.
Од овошјето, грозјето е најбогато со јаглехидрати, така што тоа ќе ве држи сити помеѓу оброците.
Овесот има големи нутритивни својства и еден од најдобрите извори на протеини.