Откријте дали треба да внесете протеини пред или после тренингот

Секој што е сериозен во врска со било каков вид на физичка активност, знае дека храната е голем фактор во градењето на мускулите. Кога станува збор за врската помеѓу храната и вежбањето, протеините се најчестата тема за која се дискутира.

Колку протеини дневно се доволни ако спортувате, дали протеинските пијалаци се неизбежни за луѓето кои одат во теретана, дали е подобро да јадете протеини пред или после тренинг – ова се само некои од прашањата што можете да си ги поставите, а последното е особено важно. Различни студии покажаа дека консумирањето протеини пред и после тренинг е многу важно за раст на мускулите. Додека внесот на протеини пред тренинг придонесува за изведување на вежби и енергија, внесот на протеини после тренинг придонесува за обновување на телото и мускулите.

Кога е навистина подобро да се внесе протеин – пред или после тренинг?

Повеќето истражувања покажаа дека навистина не е важно дали јадете протеини пред или после тренинг. Она што е многу поважно е да имате внесено доволно количество протеини во текот на денот. За да го направите тренингот што е можно поефикасен – најдобро би било да јадете протеини на секои неколку часа. Ова значи дека дефинитивно ќе ги земете и пред и по тренингот. Значи, јадењето протеини три до четири пати на ден, односно во секој оброк или ужина, е најдобрата можна опција.

Прочитајте и: Ова е најчестата грешка при изведување на вежбата „штица“

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.