Канје Вест лансира линија за убавина
Ќе произведува не само козметика, туку и парфеми под брендот „Yeezy”.
Семејството Кардашијан-Џенер ги проширува своите активности. Сега Канје Вест реши да ја заследи добро избраната патека – раперот планира да започне своја линија на козметика.
Канје ќе произведува декоративна козметика од марката „Yeezy”, како и парфеми. Неговата сопруга Ким Кардашијан достави документи за регистрација на брендови за разни производи: од лакови за нокти, маски за лице и гелови за туширање, па сè до креми за бричење и дезодоранси.
Вест дури планира да направи перници за ароматерапија. Пред три години Канје веќе се обиде да се тестира во индустријата за убавина, тогаш поднел и документи, но започнувањето на линијата никогаш не се случило. Но, сега, по скандалот со отстранувањето на Кајли Џенер од списокот на најмлади милијардери, бизнисменот реши сериозно да се обиде да освои нов рекорд.