Домашни кнедли со јаболка: Им се враќаме на десертите од нашето детство!
По старински рецепт
Наместо јаболка, можете да користите и суви сливи
Состојки:
- 100 г гриз
- 100 г брашно
- 350 мл вода
- 50 мл масло
- јаболка или суви сливи
- малку цимет
- суво грозје
- презла
Приготвување:
Оставете ја водата да зоврие и додајте масло, па ставете го брашното измешано со гриз и со прашок за печиво. Добро измешајте и оставете го да се олади малку.
Извадете топчиња од смесата, расукајте ги на дланка и ставете коцки од исчистени јаболка со цимет и малку суво грозје. Завиткајте во кнедла. Варете ги во вода околу 10 минути додека испливаат на површина. Извалајте ги во презла.
По желба, наросете ги со шеќер и со ванилин шеќер.
Колач од лимони и бадеми без брашно: Сочен и мек десерт, совршено изненадување за целото семејство