За додатен вкус – едноставен рецепт за путер со млад кромид.
Состојки:
- 6 парчиња млад кромид
- 1 лажица маслиново масло
- 1 чили пиперка
- 150 гр путер
Приготвување:
Измијте го кромидот и исушете го. Зачинете го со масло, сол и бибер и печете го во рерна додека не ја промени бојата, околу 3 минути од секоја страна.
Оставете да се излади, а потоа ситно исецкајте. Во блендер ставете го путерот, испечениот кромид и една излупена чили пиперка. Додадете сол и бибер (по вкус). Изладете и послужете по желба.
Прочитајте и: Брз леб со сода бикарбона
ФОТО: Getty Images