На кој начин долгиот престој во затворено влијае врз вашата кожа?

Сите знаеме дека изложување на кожата на сонце без заштита не е здраво, но што се случува со кожата кога долго сме затворени во четирите sида на нашата соба?

Помалку изложеност на сонце обично е добро

Според една студија од 2015 година, д-р Сквајер тврди дека избегнувањето на сончевите зраци може да ја подобри пигментацијата и да го намали појавувањето на брчките, но и да спречи идно оштетување на кожата.

Имено, единствените луѓе кои можат да претрпат штета поради недостаток на изложеност на сонце се оние со псоријаза.

– Луѓето со псоријаза имаат корист од изложување на сонце и подолги периоди во затворен простор може за нив да имаат лошо влијание.

– Добивањето на вистинската доза на сончева светлина е најважно во овој случај, па ако се борите со псоријаза треба да побарате совет од вашиот дерматолог.

Прочитајте и: Пречесто миење и дезинфекција на рацете: Зошто е опасно кога кожата ќе ви се исуши и ќе ви испука?

Витамин Д во дози

Кратка прошетка на растојание во раните утрински часови, во сегашната состојба, ќе ви овозможи да ѝ ја дадете на вашата кожа потребната доза на витамин Д.

– Вашата кожа треба да биде изложена на УВБ светлина (5-10 минути на ден) за да создадете витамин Д, кој е од суштинско значење за здравјето на коските и мускулите – вели Сквајер, додавајќи:

„Бидејќи УВБ-зраците се скоро целосно блокирани со стакло, брзата прошетка во дворот или уживањето во сонцето на балконот во раните утрински часови и доцните попладневни часови се доволни за да ги снабдите вашите УВБ потреби“.

Како и да е, малку е веројатно дека ќе развиете недостаток на витамин Д, и ако сметате дека тоа е случај, разговарајте со вашиот лекар за додатокот на витамини.

Сина светлина

Постојат и други штетни форми на светлина од кои треба да ја заштитиме кожата.

– Ако работите дома пред екранот на вашиот компјутер или покрај прозорецот, запомнете да користите СПФ 30-50 за да ја заштитите кожата од сина светлина и УВА зраци кои можат да пробијат низ стаклото – советува Хобсон.

Што ѝ се случува на кожата на лицето кога спиете со шминка?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.