За приготвување на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни 30-тина минути, а за печењето 25 минути. Добар апетит!
Состојки:
За тестото:
100 мл масло
250 мл вода
170 г брашно
¼ прашок за печиво
5 јајца
За филот:
300 мл слатка павлака
250 г маскарпоне
150 г малини
За посипување:
шеќер во прав
Приготвување:
- Помешајте ги водата и маслото и загревајте ги на рингла во лонец додека зовријат.
- Тргнете го лонецот од оган и додајте го брашното. Мешајте со жица за да не се создадат грутки. Вратете го лонецот на ринглата и мешајте со црпалка додека обликувате топка од тесто. Оставете ја да се излади.
- Во изладената смеса, додајте прашок за печиво, постепено додавајте ги и јајцата, едно по едно, матејќи со миксер додека добиете хомогена смеса.
- Плехот обложете го со хартија за печење. Ставете го тестото во слаткарски шприц со ѕвездест калап и истиснувајте помали ружички врз хартијата за печење. Оставајте простор меѓу нив за да не се залепат една за друга за време на печењето.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Не отворајте ја рерната за време на печењето. Оставете ги да се изладат испечените профитероли.
- За приготвување на филот, изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав во цврст шлаг. Додајте го и маскарпонето и добро изматете.
- Исечете ги попречно изладените профитероли, наполнете ги со филот и во секој ставете неколку малини.