Ја критикуваат дека е преслаба, но Северина порачува: „Сакам да јадам“
Ова е тајната на нејзиниот слаб изглед
Северина Којиќ во полесно време често е критикувана дека изгледа преслабо, па многумина ја споредуваат со холивудската актерка Анџелина Џоли, но не во позитивна смисла.
Имено, обожавателите на поп-пејачката сметаат дека е преслаба и дека ги загубила облините по кои беше препознатлива, а и обожавана со години.
Но еве што вели Севе:
Многу сакам да јадам овошје, но и зеленчук, всушност, јадам се’. Во последно време, исхраната ми се темели на многу овошје, шумско, диња, лубеница…“, открива пејачката, и додава:
Во последно време, не одам во вежбалница, некогаш телото мора и да се одмори. Не сум тип што оди секој ден во вежбалница. Имам добро тело, па доволно ми е и еднаш неделно, но кога се подготвувам за турнеја, тогаш вежбам три-четири пати неделно“, открива Северина.
View this post on Instagram