Најдобро облечените жени на светот никогаш не ги носат овие 5 парчиња: Тие се под нивно ниво!
Совети од Французинките
Нивниот феноменален стил се темели на едноставноста и практичноста
Кога ќе кажеме елеганција и префинетост, првата асоцијација секако дека се Французинките.
Нивниот феноменален стил се заснова на едноставноста и практичноста, но за добар изглед важно е и што одбивате да носите. Никогаш нема да ги видите следниве 5 парчиња на модерните жени од Франција…
1. Пуш-ап
https://www.instagram.com/p/Bu2969vgCO2/?utm_source=ig_embed
За нив, малите гради се сензуални и прекрасни, па носат класични модели на градници или не носат воопшто. Французинките не гледаат никаква убавина во масивните вештачки корпи.
2. Превисоки потпетици
https://www.instagram.com/p/Bu3AteNF3uv/?utm_source=ig_embed
Никогаш нема да видите Французинка во обувки со превисоки потпетици во кои не може нормално да оди. За дневните варијанти претпочитаат мокасини и чевли со умерена пета, додека за вечерните прилики се одлучуваат за класични салонки.
3. Истакнати брендови
Претерувањето во што било не доаѓа предвид, па така никогаш нема да ги видите Французинките во парчиња на кои „вреска“ името на брендот. Тие тоа го сметаат за невкусно.
4. Хулахопки во кожа-боја
https://www.instagram.com/p/BsaVh4cF7Ie/?utm_source=ig_embed
Илузијата на голи нозе за Французинките е нешто потполно несфатливо и непожелно.
5. Спортски стил во свечени прилики
https://www.instagram.com/p/Bu25hhhl6G1/?utm_source=ig_embed
Трендот на носење тренерки со високи потпетици и патики со елегантни фустани, Французинките им го оставаат на другите. Спортска облека носат во вежбалница, а фустаните ги комбинираат со дамски чевли.