5 јадења за пост на вода: Душата се полни, половината се стеснува!

Многу едноставно!

Предноста на посната храна, покрај здравствените придобивки, е тоа што исклучително лесно се приготвува

Почна велигденскиот пост, најдолгиот од сите четири поста во православјето. Велигденскиот пост трае 48 дена и се смета за најстрогиот пост во годината. За време на овие 48 дена, се јаде храна приготвена на вода. За викенд дозволено е да се јадат јадења приготвени на масло.

Ова е нашиот предлог од 5 јадења што можат да послужат како ручек во текот на посните денови…

Крем чорба од спанаќ

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 компири
  • 400 грама спанаќ
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • сол и бибер
  • магдонос
Приготвување:

Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечкајте го во големо тенџере. Додајте вода колку да го покриете зеленчукот, па загревајте околу половина час. Потоа, со миксер изматете го сварениот зеленчук и додајте уште малку вода и зачини. Уживајте!

Рижото од зеленчук

Состојки:
  • 150 грама грашок
  • 150 грама моркови
  • 150 грама пченка
  • околу 1 шолја ориз
  • сол и бибер
  • свеж магдонос
  • куркума (по желба)
Приготвување:

Сварете го зеленчукот во малку вода, па кога ќе биде речиси готов, додајте го добро измиениот ориз. Оставете го сето тоа да врие околу десетина минути, а потоа тргнете го од рингла. Додајте сол, бибер и свеж магдонос, па измешајте. Може да додадете куркума по желба.

Шпагети во сос од домати

Состојки:
  • доматен сос (може и свежи домати)
  • 2 моркова
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер
  • оригано
  • 1 пакување тестенини
Приготвување:

Во многу малку вода продинстајте ги изренданите кромид, лук и морков. Кога водата речиси ќе почне да врие, додајте доматен сос и зачини. Во посебно тенџере сварете ги шпагетите за да бидат ал денте, а кога ќе ги исцедите, додајте им го сосот, па сето тоа внимателно промешајте го.

Грав на вода

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 2 пашканти
  • 300 грама бел грав
  • сол и бибер
  • лавров лист
Приготвување:

Потопете го гравот во вода, па ставете го на рингла да зоврие. Кога ќе зоврие, исцедете го и фрлете ја таа вода, а во тенџерето со гравот ставете друга, чиста вода. Потоа, додајте сечкан кромид, морков и пашканат, па сето тоа варете го околу еден час. Додајте зачини и тргнете го од рингла.

Пита со ориз и праз

Состојки:
  • 1 праз
  • 300 грама ориз
  • сол и бибер
  • кисела вода
  • 1 пакување кори за пита
Приготвување:

Исечкајте го празот, па издинстијате го на малку вода. Кога ќе се издинста, додајте го сварениот ориз и зачините. Одвојте еден лист од корите за пита, па обилно филувајте го со ориз и праз, завиткајте го и ставете го во тепсија. Кога ќе ги филувате и останатите кори, прелејте ги со кисела вода и ставете ги во рерна да се печат околу 20 минути на 200 степени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.